ХК Металург го „смачка” загребски Динамо

metalurg_003

Хокарите на Металург по двата полуфинални натпревари многу лесно и убедливо се пласираа во големото финале во Хрватската инлајн лига, откако и во вториот натпревар од полуфиналната серија многу лесно и убедливо славеја против екипата на Динамо Загреб со резултат од 9:6 (4:1,2:0,2:2,1:3).

“Пиратите” по одлично одиграната сезона беше очекувано без сериозни проблеми со рутниска игра и во вториот натпревар да дојдат до победа, изразена со три погодоци предност, со што се пласираа во големото финале на Хрватската ИНЛАЈН лига.

Најефикасни на вториот денешен натпревар во редовите на Металург со по два постигнати погодоци беа Жердин (2) Давор Анастасов (3) Јуре Стопар (3) и Симон Фрол.

 

Share