Хокејарите во обид да стигнат на Светско првенство

Inline_playOff-06124_small

Репрезентација на Македонија во хокеј од утре (22.06), во австрискиот град Штеиндорф  ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во инлјан хокеј 2017 година, кое ќе се одрижи во Братислава, Словачка.

Прв противник ќе им биде репрезентацијата на Бугарија, со која ќе се сретнат на отварањето на квалификацикиот турнир во 16 часот. На 23 јуни ќе го одиграат натпрварот со домаќинот Австрија, а ќе ги завршат натпреварите по групи на 24 јуни против Србија. Побдникот од оваа група, ќе разигрува со победникот од другата група, каде што се репрезентациите на Белгија, Латвија, Турција и Израл.

Пласман на Светското првнство ќе обезбеди само една репрзентација.

Досега македонските хокејари учествуваа на 4 квалификациски турнири.

Пред турнирот, репреентативците под раководство на селекторот Јуре Внук, се подготвуваа 10 дена во во Јесенице, Словенија, од каде што денес заминаа за Австрија.

Составот на Македонија за овој квалификациски турнир е:

Александар Петров

Рок Шарлохар

Ивица Тасков

Стефан Децковски

Јуре Стопар

Рок Симсич

Давор Анастасов

Влатко Атанасов

Дмитриј Прокудин

Јернеј Пејановиќ

Кристија Ташевски

Лука Урбас

Кристијан Грчевски

Нејц Турк

Боштјан Кос

Иван Бачовски

–              Овој квалификациски турнир е  премногу тежок, затоа што од 8 репрезентации само една ќе се пласира на Светското првенство. Тука се Австриа, Латвија и Бугарија, како редовни учесници на Светските првенства, изразити фаворите. Ние се подговивме одлично и ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме хокејарската публика во Македонија. Целта ни е конечно да ја оствариме првата историска победа за Македонија на едни квалификации, изјави Зоранчо Гриовски, директорот на националниот тим пред заминувањето во Австриjа.

Share