Инлајн хокеј

Inline_playOff-06217

Последниот тренинг пред почетокот на квалификациите

Репрезентацијата на Македонија допатува во Штеиндорф, Австрија. Хокејарите денес го имаа редовниот тренинг пред првиот утрешен натпревар со Бугарија во 16 часот.

Следете ги квалификациите во живо

На следниот линк можете да ги следите натпреварите

Inline_playOff-06124_small

Хокејарите во обид да стигнат на Светско првенство

Репрезентација на Македонија во хокеј од утре (22.06), во австрискиот град Штеиндорф  ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во инлјан хокеј 2017 година, кое ќе се одрижи во Братислава, Словачка.

Прв противник ќе им биде репрезентацијата на Бугарија, со која ќе се сретнат на отварањето на квалификацикиот турнир во 16 часот. На 23 јуни ќе го одиграат натпрварот со домаќинот Австрија, а ќе ги завршат натпреварите по групи на 24 јуни против Србија. Побдникот од оваа група, ќе разигрува со победникот од другата група, каде што се репрезентациите на Белгија, Латвија, Турција и Израл.

Пласман на Светското првнство ќе обезбеди само една репрзентација.

Досега македонските хокејари учествуваа на 4 квалификациски турнири.

Пред турнирот, репреентативците под раководство на селекторот Јуре Внук, се подготвуваа 10 дена во во Јесенице, Словенија, од каде што денес заминаа за Австрија.

Составот на Македонија за овој квалификациски турнир е:

Александар Петров

Рок Шарлохар

Ивица Тасков

Стефан Децковски

Јуре Стопар

Рок Симсич

Давор Анастасов

Влатко Атанасов

Дмитриј Прокудин

Јернеј Пејановиќ

Кристија Ташевски

Лука Урбас

Кристијан Грчевски

Нејц Турк

Боштјан Кос

Иван Бачовски

–              Овој квалификациски турнир е  премногу тежок, затоа што од 8 репрезентации само една ќе се пласира на Светското првенство. Тука се Австриа, Латвија и Бугарија, како редовни учесници на Светските првенства, изразити фаворите. Ние се подговивме одлично и ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме хокејарската публика во Македонија. Целта ни е конечно да ја оствариме првата историска победа за Македонија на едни квалификации, изјави Зоранчо Гриовски, директорот на националниот тим пред заминувањето во Австриjа.

JeseniceSala

Почеток на подготовките за квалификациониот турнир во ИНЛИНЕ хокеј

Хокејарите на македонската инлајн хокеј репрезентација од утре на припреми во Јесенице, во легендарната арена Подмежакла.
Од вторник 21 јуни хокејарите во Австрија на квалификации за СП 2017.

Slide_003

Квалификации за инлине хокеј за 2017

Денес хокејарите го добија терминот во кој ќе се играат квалификациите за Светско првенство во инлине хокеј за 2017 година во Братислава.

Inline_playOff-06217

Куна тешко го прими поразот од екипата на Металург

Екипата на Металург со импресивна игра како во одбраната така и во нападот дојде до висока победа над Куна со што ги налути Хрватите кои што не се навикнати често да губат, со оглед дека ова беше нивниот прв сезонски пораз.

Inline_playOff-06124_small

Медиумите за настапот на ХК Металург во финалниот ПлејОфф во Хрватската ИНЛАЈН лига

По успешниот настап во Хрватската ИНЛАЈН лига медиумите објавија: